Sunday, January 13, 2013

Синтра, Португалија ~ зелено обоена романтика

Во мојот свет, суштината на еден човек се создава со првите приказни кои му ги шепотиш додека ти заспива на пазуви. Обоени замоци, мистични порти, многу убавина и по малку магија. Јас бев среќно дете кое повеќе време помина меѓу корици приказни отколку бесцелни лутања. Затоа, после лутав по светот. Ама бајките ги носев со себе. Некогаш и ги пронаоѓав.

Да се загубиш во нејзиното зеленило. Ако на многу места несмасно, баш човечки се гради вештачка убавина тука и' дале на природата да биде слободна. Додека полека се движиш по некое патче очите брзо перцепираат палета бои и мора да подзастанеш за да ги апсорбираш. И така до недоглед. Како разнобојни колачиња кои те провоцираат да ги конзумираш.

Колачињата ме потсетија на вкусови. Вкусови кои се мешаат, на неверојатно вино со различни ароми. А ти на сред гратче си во шума. Абе, рај. Фигури од приказните те опкружуваат додека чекориш во уште некоја куќа како од книга. Таму нагоре гледаш замок а наоколу повторно и повторнo зеленило. Се будат емоции, се буди желба некој, некој да е до тебе. Наоколу масонската градба, вода над која прескокнуваш, скалички кои ти го дрмнат срцето до гласно биење и желба за уште. И уште. И уште од мистериозниот спој кој малото гратче го прави посебно.

Од другата страна те чека океан. Атлански. Див. И тогаш пред тебе излегуваат филмските сцени на Оркански височини. Толку. На Атлански не му се врти грб. Секогаш треба да гледаш кон него. Ако не, може да те собори на земја додека излегуваш од неговите води. А мене ме собори со инспирација. Со погледов црпев од нeговата моќ, за да си ја понесам со себе. Го чувствував здивот на Хитклиф додека гледав како брановите бесно го променуваат погледот накај карпите. И ја живеев една од најубавите љубовни приказни кога затворав очи. Мојата беше среќна. Иако не знаев со кого. Мојата беше моја. А јас сакам необични случувања. Сакам необични луѓе. Сакам и романтика. Онаква што те потсетува на страст. Онаа што е инспиративна да и' се вратиш. Онаа од која ти се грчи телото што си сама. Онаа која те тера да веруваш во љубов. А ја овозможи, Синтра.

Ти се поклонувам.


1 comment:

  1. Многу сум среќен што можам да го споделам ова мое фантастично сведоштво.
    Јас се викам Еден, а мојот сопруг се вика Едуардо од САД.
    Едуардо ме остави за друга жена и за приказната да биде кратка, контактирав со д-р.Елен со магична тркала и мојот живот целосно се промени за 48 часа. Се гледам во огледало и се насмевнувам. Верувам во себе и во моите способности за прв пат во мојот живот. Го вратив мојот сопруг во мојот живот, со помош на д-р Елен. Едуардо рече дека му е жал 48 часа по изговорот. Едуардо рече дека сфатил дека никогаш не сакал да експлодира, дека не може да го земе емотивниот багаж што постојано го пренесувавме. Тој рече дека мислел дека тоа има негативно влијание врз мојот живот и дека е подобро. Тој рече дека е тешко постојано да се зборува за минатото. И на двајцата им простив. Имам пари во џебот, што конечно сум јас. (Мојот чек за компензација дојде затоа што ми кажаа дека имаат месеци.) Јас сум жив доказ за тоа што може да направи Dr.Ellen... Ви благодарам многу, Dr.Ellen за прекрасната работа што ја направи во мојата врска. и двајцата помогнавме да ја видиме вистината и да си ја кажеме вистината. Никогаш не мислев дека магијата може да помогне на пар пред да бидете многу среќни. Ве контактирав и иницирав сето ова да се случи. Секој кој има проблем во врската може да контактира со Dr.Ellen преку е-пошта ellenspellcaster@gmail.com
    ако имате какви било проблеми во следново прашање
    (1) Ако го сакате бившиот назад
    (2) ако секогаш имате кошмари.
    (3) Сакате да бидете унапредени во вашата канцеларија.
    (4) Ако сакате дете.
    (5) Хербална нега
    (6) Сакате да бидете богати.
    (7) Сакате да го обврзете вашиот сопружник да биде ваш засекогаш.
    (8) Доколку ви треба финансиска помош.
    (9) Дозволете им на луѓето да ги слушаат вашите зборови и да прават што сакате
    (10) Решение на Е.Т.Ц.
    контактирајте со Dr.Ellen преку неговата е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com
    Whatsapp:
    +2349074881619

    ReplyDelete