Tuesday, July 23, 2013

Шпанска магија, издание: Мадрид

Големи очекувања спакувани во главата, приказни напишани кои ги инспирирал со својата магична посебност, позади наредниот ќош чекаше љубовта да ми се случи. Сеќавања спремни да бидат создадени. Понуда за секое сетило. Вдишав и отворив комјутер. Прелистував низ http://www.gomadrid.com/ боев по мапата. Излегов на станица, погледнав наоколу, ја извиткав мапата и решив да си дозволам да се изгубам. Затоа што секаде има по некоја емоција која сакаше да ми се случи. Уметност. Векови традиција која ја чуваат посесивно како јас својата љубов. Историја ти дише во врат распослана насекаде а некаде понатаму ти се смешка шармантниот Мадрид.
Прва станица „Музеј Прадо“ почнува одамна и завршува со нивен Гоја. Некој што го ценам ми кажа дека ќе ми требаат 5 саата. ми требаа повеќе. Влегуваш и состојбата на умот се менува во неверување. Огромни простории сите со поинаква енергија. Маестрална разноликост. Ел Греко, Рафаел, Рембрант, Гоја и не би било интересно да ги кажам сите детали. Уживање и исполнетост. Припаѓање кое одамна не ми се случило. Магично освоена.

Излегов зашеметено и длабоко дишев уметност и задоволство. Покрај Ботаничката градина и нагоре по една уличка се стигнувало до Ретиро паркот. Така ми кажаа. А еден таинствен господин кој претходно ми зборуваше за Мадрид ми кажа дека кога ќе си дозволам да залутам ќе се вљубам. Знаеше дека ќе ја најдам уличката на која има многу книги на тезгички. Саемски изглед. Добро, колку душа имаш бе Мадрид? За сите по малку? Еве, јас ти оставам од својата блажена насмевка додека избирам по некој наслов да понесам со себе.

Бавно нагоре дозволувајќи да ми се случи зачекорив во паркот полн живост. Секоја личност го нашла своето место. Од трчкање наоколу, точак, ролери, колички за деца, лежење во трева со книга, седење со друштво, пријатни прошетки, по некоја љубовна приказна пред моите очи па до високи потпетици и сликање наоколу. Се губиш низ зеленило и хармонија, те пречекува палата и пред да се освестиш таму е езерото. Може да земеш бротченце и да си повеслаш наоколу. Или да седнеш и да уживаш во tapas и sangria.

Таман го допив летното вино, ги оближав усните и се упатив накај сите видици кои Мадрид ги нуди. Ројални семејства оставиле белег низ палати, музеи, приказни и уникатност која не дозволиле да се преточи во безличност. Сол, Аточа, скриени улички, многу живост и насмевки. Град каде идеално ќе се увериш дека без разлика на непознавањето јазик луѓето може учтиво да ти се насмевнат и да се обидат да помогнат. Зајдисонце после 9. Ноќта осветлува, фонтаните си течат, луѓето се слеваат на различни страни. Понуда на џез подобра од фестивали на кои сум била. Дискотеки подобри од познати журки. Алтернатива на следниот агол. Барабан од можности од кој што и да ти се падне, ќе уживаш. И можам да пишувам уште многу. Но, шт би останало тогаш за вас? Откријте сами.
Само за спортските фанатици да спомнам дека иако сум страсвен анвивач на Арсенал посетата на стадионите беше ко музејско искуство низ историјата а сите играчи, тренери, навивачи и пoсетители кои се радувале и пателе таму оставиле нешто кое може да се почувствува додека чекориш по теренот.
* Дел кој не се препорачува за луѓе чувствителни на спомнување крв.
Врела крв, викаат многу. Звуци на фламенко, мирис на паеља и препорака да се доживее Корида. Плаза де Торос е местото каде шпанскиот дух наоѓа оправдување за својата страст кон борба со бикови. Расата се одгледува само со цел да излезе во рингот и да се соочи со матадорот. Очите им светкаат со страст каква што мене ми се случува кога го гледам мажот што го сакам. Таа паралела, без преувеличување. Крваво, незаборавно и језиво. Додека диво јава и го забодува копјето матадорот се поклонува а публиката дига бело знаме за честитки. Тоа за најдобриот. Искуство кое долго ќе ме ежи. И тогаш, во правта помешана со благ летен дождец слета врапче. Додека на неколку метри со последни сили бикот потврди дека е соборен и крвта му се слеваше, врапчето безгрижно си патуваше во свој свет. Така е и во животот. Симболика за паметење.

Ќе му се вратам на постов. Со повеќе детали и емоции. Денес е првиот ден ден дома. Креветот му љубoмори на градот што не му се посветувам. Добра ноќ.

Monday, May 20, 2013

Осло и убавината на вистинските пријателства


Некој неврзан разговор на skype. Сè уште живеев во Литванија. Мојата драга стујардеса споделуваше долга листа дестинации. И тогаш го спомна Осло. А, баш му бев намерачена. Имаше некои евтини летови па желбата по Скандинавија ми имаше шепнато: Оствари ме. Вики ме поттикна да откуцам датуми а гратис да добијам средба со неа после повеќе од 4 месеци. Знаев дека градот ќе го поврзам со емоции како резултат на самиов вовед. Патам од големи очекувања и успеа да ги надмине. Чистотија насекаде и нејзината насмевка преку пат. Прегратка која го измота секој момент во кој не бевме заедно и нè донесе во универзум каде пред малку сме го завршиле последниот разговор. Ја фатив за рака силно за да си ја чувствувам и кога ќе си одам и префлривме улица некаде низ центарот. Сончев ден и отворени очи.


Градбите се гуглаат. Ќе прескокнам што гледавме наоколу зашто може да најдете. Нема да прескокнам да ви кажам колку топло беше во срцето додека ја допиваш чашата вино да се осеќаш дома така далеку. Не дека треба да напоменам ама вистина многу убав народ се. (Вики можам да замислам и како се смешка кога ја чита реченицава). Ја завршивме вечерата и долгата прошетка па се упативме накај тврдината. Интересен склоп на ноќта и фасцинација од погледот кога си таму горе. Застанав на ѕидот непаре чекам Џон Сноу да дојде и да нè поведе понатаму. Имаше по некој чувар наоколу облечен како воин од друго време. Се занесовме од убајна. Тргнавме назад. Затворена порта. Озбилно. Бледо се гледавме 2 секунди и гласно се смеевме неколку минути потоа. Нè затворија во тврдината. Одиме накај стражарот да ни покаже друг пат. Другиот пат на другиот крај. Мост со снег подзаборавен од сончевите зраци. Се завртив накај господинот и прашав: Први сме ова што ни се случило? Не, ми одговори. Тој не знаеше дека сме први кои на еден ден се тука за да се видат додека разгледуваат, Македонки, едната во Катар, другата во Литванија и дека си додадоа уште една приказна на својата љубов. Полека тргнавме накај хотел. Испивме по уште некоја чаша вино. Пред да заспиеме задоволно се смешкавме: Ќе има што да им раскажуваме на внуците.

Saturday, March 30, 2013

Љубов во расчекор низ мојот свет

Ја запознав одамна. Ја читав „Аловото цвеќенце“. Еве по дваесеттина години книгата сè уште знае да ми развлече насмевка, онаа што би рекол тато: „Да немаше уши ќе се смешкаше во круг.“ Најдов и слика.



И како што си ја гледав сликата ми текна дека едно време ми викаа: „Абе ти, книжевната љубов е голем залог. Пребаруваш.“ Јас низ насмевка, верував дека таму позади некој длабок поглед очи во очи ќе се гледаме, а јас ја познавав. На многу начини, со свет од зборови, поглед занесен, солзи и убајни. Љубов.
Ја зафрлив главата и таму исправено стоеше насмеан. Еве, се ежам додека се сеќавам. Топлина на неколку чекори. Чувство како некој да познаваш цел живот кое се продлабочува а не станува здодевно. Нè ставив во секоја филмска сцена која сама си ја создадов. 
Длабок поглед, несекојдневен, шарм до збеснување и допир со занос. Во неговата прегратка јас сум дома. Припаѓање и неверување дека далечното „Те сакам“ е реално. 
Разговор до доцна во ноќта кој сфаќаш дека трае толку само зашто разденува. Му се губам во сè она кое е. 
Беше вторник. Мојот омилен ден. Се сеќавам. Му ги гледам темните очи вперени во мене кои ми ласкаа.
Денес не престанав да мислам на првиот пат кога ме љубеше, кога неговите дланки ми беа на образите. Не дека некогаш престанав. Кога знаеш дека е засекогаш. 

Емоциите ми ја зедоа контролата и се раскуцаа по тастатура во нескротлива страст и желба за него. Нема да одолеам, мислев. Срцето не ми се слушаше од длабокиот здив а мислев дека може да го преплаши. Да вриснам по него. Крик од задоволство: „Постоиш.“ Време, ми требаше време да прифатам дека се случува, токму онолку за да сега се прашувам дали кога ќе се погледнеме, ќе ме допре во ек на „Те сакам.“

„А кај си уствари?“
„Кај беше до сега?“
http://www.youtube.com/watch?v=GfAb0gNPy6s
Убаво е кога на некој недостигаш. Добра ноќ.


Wednesday, January 23, 2013

Стрип, филм, интертекст, кратка уметност и фантазија. Едно сосема поинакво патување.


Си седев, загледана отсутно во некои аплиакции и размислував за што би пишувала. И тогаш сфатив дека има некој многу подобар во тоа од мене. Најдобра! Книжевник.Сестра ми. Така одлучив таа да ве однесе на едно поинакво патување. Низ зборови кои раѓаат слики. Дали додека читаш стрип, дали додека читаш книга или оние екстра кадри кои ги додаваш на филмот кој завршува. Уживајте! Патувањето ќе продолжи.





Comics are a gateway drug to literacy.
― Art Spiegelman

Погледнувајќи во прозори на севозможното, стриповски наредените слики на хартија лист уште на прв поглед преку испреплетувањето на визуленото и текстуалното се подлога во која не само што се испреплетуваат индивидуални идеи, туку и цели концепти на културата, па било тоа книжевно, општествено или метакултурно. Од тука може и да се зборува за интертекстуалност во стриповите. Почнувајќи од некаква праисторија на стрипот, може да се зборува за египетските папируси или визуелните пораки на ѕидовите на пирамидите пред нашата ера. Во таа линија може да се спомне и Трајановиот столб во Рим, кој датира од 113 г. од нашата ера. Од туке стрипот е податен и за своја филмска адаптација како што е случај со графичката новела “Sin City”, (http://www.youtube.com/watch?v=YKFLrTYKIXkкоја го тангира правецот на neo noir, кој интертекстот на филмот noir го има интегрирано во себе на еден модерен и оригинален начин. Авторот Франк Милер (Frank Miller), го сместил дејствието во имагинарниот хронотоп на Basin City, а Квентин Тарантино (Quentin Tarantino) поставувајќи го тоа на платно прави јасна алузија на оние американски градови, каде борбата помеѓу доброто и злото се одвива на најбрутален начин и во која само најхрабрите победуваат, своевидни анти-херои, маргинилизирани ликови од предградието.
Играта со бојата, контрастот и предимензионирањето на црвената и зелената боја наспроти тоновите црна боја служат во интерес на дејствоето и ставање акцент на специфичниото стојалиште на секој од ликовите, посебно кога една ситуација се визуелизира преку повеќе перспективи, она што во стрипот се прави преку неколку цртежи, во филмот се прави преку неколку кадри. Во групата на neo noir филмовите, спаѓа и култниот Blade Runner, кој освен што ги запазува принципите на neo noir, интертекстуално вклучува антички и библиски матрици, а покажува и зачетоци на темите на дистопија, присутно во cyber punk поетиката.
Ликовите групирани во херои и анти-херои, можеби ја даваат и најдобрата поделба на стриповите каде едните ја пропагираат идејата за еден избран чувар на доброто, сличен на митски херој и еден маргинализиран лик, анти-херој, кој на свој начин скоро незабележан од масата, се бори против злото, сличен на романтичарските ликови. И самите теми групирани околу ликовите, можат да се поделат на теми каде светлото еуфорично го победува темното и оние во кои во еден темен простор се обезбедува светлина, како суптилен продор на доброт. Во секој случај и едните и другите се групираат околу опозитните категории на доброто и злото, каде првите го следат оптшо прфатеноиот стереотип на добро и лошо, а вторите го релативизраат. Во вторите доброто и лошото се мешаат со луцидните состојби и ситуации во кои се наоѓаат ликовите, скогаш поминувајќи ја тенката линија помеѓу нормалното и лудото, одејќи во оностарното предизвикувајќи чудење, сладок ужас, за кој години порано зборува и Фројд. На моменти, имплицитно, па и експлицитното присутво на еротика го дистнцира оној обичниот стрип од оној другиот во кој авторите ја користат слободата која им ја нуди медиумот и проговоруваат малку поинаку. И едните и другите бунтовници, напред пред своето време го креираат новиот свет во кој темелните вредности го одржуваат светот. Работејќи и со такви на моменти митски категории, стрипот има своја axis mundi, херојот / анти-херојот го космизира светот правејќи го поубаво место за живеење. На мигови сместени во необичен простор, ликовите во стрипот говорат со ужасот на Хичкок, храброста на Жил Верн и благоста на Волт Дизни.
Почунувајќи од бардот на стрипот Серџо Бонели (Sergio Bonelli), со неговиот Загор, Дилан Дог и ред други, со својата цела издавачка куќа ги наметнува критериумите за стриповите после него. Двојните идентитети Patrick Wilding/Zagor, Jerome Drake Junior/Mister No…ја актуелизира повторно онаа митска шема на двојници, присурна и во романтизмот, но во овој случај двојниците се едне човек, два различни карактери во една личност, стриповски Докотор Џекил и мистер Хајд, некогаш дури и буквално како нив, како што е случајот со Bateman. Најчесто двојникот стои како параван на оној другиот херојот, како што се Bruce Wayne или Clark Kent на Алан Мур (Alan Moore). Сместени во еден контескт, близок до американската идеја за демократија, овие два лика и те како ја потхрануваат идејата за ветената земја. О друга страна, тоа се ликови кои сами по себе станале симбол, симбол кој Laurie Anderson, го дескрализира во својата „О Супермен“ или на кој се уште се повикува современиот филм.
Станувајќи икони на едно време, до денес, се значаен дел од културата стануваат нејзнино обележје, докажувајќи дека стрипот не само што е уметност туку е значаен дел од секој обид за креирање културна теорија. На моменти кажувајќи работи за кои не се осмелува друг медиум, на начин не повторлив од никој друг, стрипот е феномен кој сам по себе се излигува од дефинирање или поставување во рамки. Од таму и неговата податност за свои варијанти, кои се движат од афирмација до критика на општесвен систем, историски настан или случка од оностраното.
Разгледувајќи го стрипот како чисто уметнички текст, повикува тези на естетиката кои конструкцијата на стрипот ја анализираат преку композицијата.   Интересен приемр за интетекст во стрипот, е примерот на Alan Moore и неговите „Изгубени девојки“ (Lost Girls), во кој преку возрасните Дороти од „Волшебникот од Оз“, Венди од „Петар Пан“ и Алиса од „земајта на чудата“, прави една перцепција на една детска перцепција во возрасен свет, во кој е јасно дозволено и подржано она што во детскиот свет е скоро непознато и се уште неосвестено. Еротизмот со кој манупилра стрипот, и те како привлечен за читателот, отвора простор во кој либидото ја живее својата слобода, а ликот својата сексуалност.
Од друга страна, стриповите кои се наменети првенствено за деца како стриповите за Мики Маус или Марвин, ја допираат онаа благодарна природа на стрипот кој преку своите слики и „зборови во балони“, го креираат светот, свет на вреднсоти, каде доброто го победува лошото, а светлината злото. Сето тоа провоцира да се отвори еден стрип, да се прочешла неговата историја, неговите ликови и скриени пораки, да се допушти тој да биде присутен во овој свет овде, во кој и те како е потребна таа чудна маѓија на сликите кои зборуваат.

Friday, January 18, 2013

Во Будва, каде се создаваа спомени на една младост

Кога почнав да пишувам, сакав да си ги зачувам емоциите и тука. Да ми се насолзат очи, да сонувам, да се среќавам, да се насмевнам. После едно 871 кликнување (во моментот на пишување) за 4-5 дена, размислував кој град наредно да го изберам за пишување. Будва, заради тоа што верувам дека барем на еден од вас ќе му разнежнам срце и пробудам сеќавања. Мене ми е симбол на детство кон младост, на топлина, онаква што ја добиваш од мирис на топло лепче. Такво срцебиење.
Од првите камп летувања до летување исто како Лас Вегас. Да остане таму. Мала, прекрасна и за сечиј вкус. Од изолирани плажи до диско покрај море. Не е ни чудно што осеќаш вибрации добра емоција додека чекориш. 
Денес ќе ти се обраќам на ти. Кој и да си. Која и да си. Кое и да си. Тебе, зашто Будва ти е спомен добро одминато време. Но, да не одиме накај она што може да се разбара на интернет. Будва е град кој ме допрел. Добро, секако не и' израснаа раце, ама ме сфати. Со ова што го пишувам сакам да те вратам на каменестите плажи, на украдени воздишки, на бакнежи и зајдисонца. На помешани вкусови, пријатен мирис и сеќавања.
Сега ќе ти ја раскажам мојата приказна. Почнува едно дамнешно време пред да почне 21 век. Така подалеку звучи, како да му дава повеќе тежина која за мене си ја има. Детиште, среќно со сонцето, потемнетата кожа и долго пливање. Токму затоа ја сакам. Ја поврзувам со некоја безгрижнот. Со драги луѓе. Многу драги луѓе. Како магична поврзаност натаму да ме носи само  со оние кои ќе си ја присвојат. 
И' се враќав неколку пати и сега додека пишувам имам искрена желба да го повторам тоа. Можеби и ти. Знаеш, тоа е едно место кое е комбинација на модна писта и скриени плажи. Каде сам се псотавуваш на местото каде конзумацијата на истата ти е најпријатна. Каде вксуот и го одредуваш индивидуално.
Местото каде украден поглед правеше да ми зацрвенат образи до местото каде зацрвенав нечии години покасно. Не со многу места можам да поврзам такви емоции. Сеќавања на ноќи топли прегратки, сеќавања на непроспиени ноќи, на безгрижност и на безумие. Спој на комлетирање на дел од мојата личност. Оној хедонистичкиот. Карпести инспирации за искрени пораки. Могрен е плажата на која сигурно си бил. Додека поминувам низ тесниот премин во главата ми се создаваат сценарија за филм. Екстремно интимен со посебна личност. Сега мислам на некој кој не го познавам ама убаво е. Зашто најголемата магија на Будва за мене е спојот на мир и страст кој го буди во мене. Слободно дополни со свои спомени топлина. А јас со блага насмевка те поздравувам од местото на кое мислам додека ти пишувам.

Tuesday, January 15, 2013

Дома е каде што е Струга ~ каде секогаш ќе се враќам / Home is where Struga is ~ where I'll always go back



Каде што обичните работи имаат посебна убавина. Тоа е дома. И затоа на Струга, секогаш ќе и се враќам. 
За неа се пишува, се пее, се прикажува, се слуша. Ама тоа, може да го најдеш. Она кое јас го наоѓам посесивно го викам мое. Мое место, каде и да сум. 
Вкусот на љубов, во кревет, додека гледаш кон бескрајното синило на хоризонтот, овозможено од мојата мајка. Или татко. Сеедно, тие ја прават глетката целокупна додека сестра ми се расонува од мирисот кој се шири низ целиот стан. Воздишка. Таму осаменоста ми е непозната. Празна глава мисли, полно срце емоции. Поглед кој е тука да ме згрее и ова зимско утро. Поглед кој толку длабоко ми е врежан што кога ќе ги затвоам очите дава милион нијанси и на безбојното утро. 
Спомени детска смеа, доволно за и сега да ми се развлече блага насмевка. Спомени емоции, доволно за и сега погледот занесено да ми залута кон нив.
На Струга и' се радувам, ширам раце и сакам да ја прегрнам, за да си ја чувствувам и кога и' сум далеку од брегот. 
Нејзините сокачиња кои ги препознавам како својата соба, ме носат до причината да се поврзувам со места покрај вода. Отсекогаш. Зашто моја Струга е поглед кој тоа го создаде во моите перцепции. 
Интимна средба на сите сетила со оргазмичен крај. Додека чекориш и очите апсорбираат убавина, те вознемируваат измешани звуци, ама пријатно. И тогаш се преплетуваат мириси кои ти го будат апетитот а го задоволуваш уживајќи во спојот кој ти е на располагање.
Тука и летот на птиците ми е попривлечен. Тука и мирот ми е поприсутен. Таму е Струга. А тука, се' уште ја сакам. Треперам додека ја чувствувам. Агрегатната состојба ми преоѓа во течна. Се топам додека го слушам ударот на крило врз езерската површина. Хоризонтот е бескраен. Исто и мојата инспирација. 
Пливањето е различно. Затоа што љубовта е насекаде со својата смиреност. Излегувам и се восхитувам. Откако паметам, до засекогаш.
И магија се случува, ако веруваш во неа. Струга ќе ти ја подаде.
„Орелски крилја как да си метнех.“







Where ordinary things have special beauty. That's home. And for that, I'll always go back to Struga. 
About it is told, heard, sang, written. But that can be found. What I find there is cold mine. And I'm possessive about it. My place, no matter where am I. 
Taste of love while looking at the endless big blue, in bed, brought by my mother. Or my father. However, they make the puzzle complete while the smell is waking up my sister. Sigh. Where loneliness does not exist. Empty head of thoughts, full heart emotions. View to keep me warm this winter morning. View that is such a deep memory that when I close my eyes it gives million shades to colourless mornings. 
Memories child's laughing  enough to make me smile even now. Memories of emotions, enough for my eyes to long for it. Struga, a reason to be happy, to spread hands and feel the desire to embrace it, to feel it even when I'm not there. 
Her lanes I know as well as I know my room and they take me, they bring me to the reason of strongly longing for and loving places by water. Since forever. Because my Struga is the reason for these perceptions. Intimate meeting of all the senses with orgasmic end. While you step, when you are walking and your eyes are absorbing beauty you got upset by different sounds. Pleasantly. Then the smells are coming around and your appetite is awaken. Enjoying this mixture you complete it. 
Here, even the flying birds are different. I like them more. Here my peace is more present. There is Struga. Here, I still love her. I tremble while feeling it. I'm melting while listening to the sound of the wings ahead the water. The horizon is endless. So it's my inspiration. Swimming there is different. Because love is present around with its calmness. I go out and I admire. Since I can remember, till the end of time. 
Magic happens, if you believe in it. Struga has it for you.
"Eagle's wings were I to drape,
and to our side upon them escape"

Monday, January 14, 2013

Мајско пливање во Касписко ~ Баку, Азербејџан

Некој непознат страв од сите прашања кои ми се вртат во глава. Што ли ме чека? Идејата за Баку ми беше скоро неизградена а веќе чекорев на перфирејата која излегува на Касписко.
Свежо, мајски и пријатно мирно. Ветрот е доволно силен за да праменчињата кадрици од косата ми бидат дел од новите глетки.
На ред се непознати мириси на богата трпеза. Опојно за секое сетило кои се буди од композицијата која уметнички ја сервираат пред мене. Бои, зачини, вкусови, звуци, насмевки, Таков еден склоп на уникатност...
Од другата страна е толку чисто што се плашам како чекорам. Луѓе, луѓе и восхит од погледи. А најголемото задоволство беше да се чувствуваат нивните чувства. Кавказ е полн со народ кој зрачи топлина која вероајтно би можела да се користи за терапија против лоши впечатоци. До толку. А овој пат, бев среќник. Занесено уморна од новите спомени кои се создаваа и' се предадов на Евровизиската ноќ. И победија. Таква радост не сум засведочила ни на родители кога докторот им кажува дека добиле здраво бебе. Тоа и даде значење на чистотијата, на градбите, на богаството кое ме опкружи.
Утрото се' уште го чувствував трепетот пријатни емоции кои се разбудија. Јас, како девојче порасното покрај вода не можев да одолеам. На својот мемоар сакав да додадам дека и тука ја вознемиив водата. Со неколку замавнувања престана да биде ладно. А уживањето си дојде само по себе. Исто како блажената насмевка дека и тука имам приказна која ми припаѓа.


Додека чекорев накај аеродром, мислам дека цело Баку се беше собрало да ги чека нивните херои. Прекрасен доказ за нивната емотивност. Не толку значајна работа која сепак им е причина за да удрат по тапаните. Звуци кои ме враќаат на тие патеки со прекрасен поглед и длабоки чувства.