Си седев, загледана отсутно во некои аплиакции и размислував за што би пишувала. И тогаш сфатив дека има некој многу подобар во тоа од мене. Најдобра! Книжевник.Сестра ми. Така одлучив таа да ве однесе на едно поинакво патување. Низ зборови кои раѓаат слики. Дали додека читаш стрип, дали додека читаш книга или оние екстра кадри кои ги додаваш на филмот кој завршува. Уживајте! Патувањето ќе продолжи.
Comics
are a gateway drug to literacy.
― Art Spiegelman
Погледнувајќи во
прозори на севозможното, стриповски наредените слики на хартија лист уште на
прв поглед преку испреплетувањето на визуленото и текстуалното се подлога во
која не само што се испреплетуваат индивидуални идеи, туку и цели концепти на
културата, па било тоа книжевно, општествено или метакултурно. Од тука може и
да се зборува за интертекстуалност во стриповите. Почнувајќи од некаква
праисторија на стрипот, може да се зборува за египетските папируси или
визуелните пораки на ѕидовите на пирамидите пред нашата ера. Во таа линија може
да се спомне и Трајановиот столб во Рим, кој датира од 113 г. од нашата ера. Од
туке стрипот е податен и за своја филмска адаптација како што е случај со
графичката новела “Sin City”, (http://www.youtube.com/watch?v=YKFLrTYKIXk) која го тангира правецот на neo
noir, кој интертекстот на филмот noir
го има интегрирано во себе на еден модерен и оригинален
начин. Авторот Франк Милер (Frank Miller), го сместил дејствието во имагинарниот хронотоп на Basin City, а Квентин Тарантино (Quentin Tarantino)
поставувајќи го тоа на платно прави јасна алузија на оние американски градови,
каде борбата помеѓу доброто и злото се одвива на најбрутален начин и во која
само најхрабрите победуваат, своевидни анти-херои, маргинилизирани ликови од
предградието.
Играта со бојата,
контрастот и предимензионирањето на црвената и зелената боја наспроти тоновите
црна боја служат во интерес на дејствоето и ставање акцент на специфичниото
стојалиште на секој од ликовите, посебно кога една ситуација се визуелизира
преку повеќе перспективи, она што во стрипот се прави преку неколку цртежи, во
филмот се прави преку неколку кадри. Во групата на neo
noir филмовите, спаѓа и култниот Blade
Runner, кој освен што ги
запазува принципите на neo noir, интертекстуално вклучува антички и библиски матрици, а
покажува и зачетоци на темите на дистопија, присутно во cyber punk поетиката.
Ликовите групирани
во херои и анти-херои, можеби ја даваат и најдобрата поделба на стриповите каде
едните ја пропагираат идејата за еден избран чувар на доброто, сличен на митски
херој и еден маргинализиран лик, анти-херој, кој на свој начин скоро
незабележан од масата, се бори против злото, сличен на романтичарските ликови.
И самите теми групирани околу ликовите, можат да се поделат на теми каде
светлото еуфорично го победува темното и оние во кои во еден темен простор се
обезбедува светлина, како суптилен продор на доброт. Во секој случај и едните и
другите се групираат околу опозитните категории на доброто и злото, каде првите
го следат оптшо прфатеноиот стереотип на добро и лошо, а вторите го
релативизраат. Во вторите доброто и лошото се мешаат со луцидните состојби и
ситуации во кои се наоѓаат ликовите, скогаш поминувајќи ја тенката линија
помеѓу нормалното и лудото, одејќи во оностарното предизвикувајќи чудење,
сладок ужас, за кој години порано зборува и Фројд. На моменти, имплицитно, па и
експлицитното присутво на еротика го дистнцира оној обичниот стрип од оној
другиот во кој авторите ја користат слободата која им ја нуди медиумот и
проговоруваат малку поинаку. И едните и другите бунтовници, напред пред своето време
го креираат новиот свет во кој темелните вредности го одржуваат светот.
Работејќи и со такви на моменти митски категории, стрипот има своја axis
mundi, херојот /
анти-херојот го космизира светот правејќи го поубаво место за живеење.
На мигови сместени во необичен простор, ликовите во
стрипот говорат со ужасот на Хичкок, храброста на Жил Верн и благоста на Волт
Дизни.
Почунувајќи од
бардот на стрипот Серџо Бонели (Sergio Bonelli), со неговиот Загор, Дилан Дог и ред други, со својата
цела издавачка куќа ги наметнува критериумите за стриповите после него. Двојните
идентитети Patrick Wilding/Zagor, Jerome Drake Junior/Mister
No…ја актуелизира повторно онаа
митска шема на двојници, присурна и во романтизмот, но во овој случај
двојниците се едне човек, два различни карактери во една личност, стриповски
Докотор Џекил и мистер Хајд, некогаш дури и буквално како нив, како што е
случајот со Bateman. Најчесто
двојникот стои како параван на оној другиот херојот, како што се Bruce Wayne
или Clark Kent на Алан Мур (Alan Moore). Сместени во еден контескт, близок до американската идеја за демократија,
овие два лика и те како ја потхрануваат идејата за ветената земја. О друга
страна, тоа се ликови кои сами по себе станале симбол, симбол кој Laurie
Anderson, го дескрализира во
својата „О Супермен“ или на кој се уште се повикува современиот филм.
Станувајќи икони на
едно време, до денес, се значаен дел од културата стануваат нејзнино обележје,
докажувајќи дека стрипот не само што е уметност туку е значаен дел од секој
обид за креирање културна теорија. На моменти кажувајќи работи за кои не се
осмелува друг медиум, на начин не повторлив од никој друг, стрипот е феномен
кој сам по себе се излигува од дефинирање или поставување во рамки. Од таму и
неговата податност за свои варијанти, кои се движат од афирмација до критика на
општесвен систем, историски настан или случка од оностраното.
Разгледувајќи го
стрипот како чисто уметнички текст, повикува тези на естетиката кои
конструкцијата на стрипот ја анализираат преку композицијата. Интересен приемр за интетекст во стрипот, е
примерот на Alan Moore и неговите „Изгубени девојки“ (Lost Girls), во кој преку возрасните Дороти од „Волшебникот од Оз“, Венди од „Петар Пан“
и Алиса од „земајта на чудата“, прави една перцепција на една детска перцепција
во возрасен свет, во кој е јасно дозволено и подржано она што во детскиот свет
е скоро непознато и се уште неосвестено. Еротизмот со кој манупилра стрипот, и
те како привлечен за читателот, отвора простор во кој либидото ја живее својата
слобода, а ликот својата сексуалност.
Од друга страна,
стриповите кои се наменети првенствено за деца како стриповите за Мики Маус или
Марвин, ја допираат онаа благодарна природа на стрипот кој преку своите слики и
„зборови во балони“, го креираат светот, свет на вреднсоти, каде доброто го
победува лошото, а светлината злото. Сето тоа провоцира да се отвори еден
стрип, да се прочешла неговата историја, неговите ликови и скриени пораки, да
се допушти тој да биде присутен во овој свет овде, во кој и те како е потребна
таа чудна маѓија на сликите кои зборуваат.






