Големи очекувања спакувани во главата, приказни напишани кои ги инспирирал со својата магична посебност, позади наредниот ќош чекаше љубовта да ми се случи. Сеќавања спремни да бидат создадени. Понуда за секое сетило. Вдишав и отворив комјутер. Прелистував низ http://www.gomadrid.com/ боев по мапата. Излегов на станица, погледнав наоколу, ја извиткав мапата и решив да си дозволам да се изгубам. Затоа што секаде има по некоја емоција која сакаше да ми се случи. Уметност. Векови традиција која ја чуваат посесивно како јас својата љубов. Историја ти дише во врат распослана насекаде а некаде понатаму ти се смешка шармантниот Мадрид.
Прва станица „Музеј Прадо“ почнува одамна и завршува со нивен Гоја. Некој што го ценам ми кажа дека ќе ми требаат 5 саата. ми требаа повеќе. Влегуваш и состојбата на умот се менува во неверување. Огромни простории сите со поинаква енергија. Маестрална разноликост. Ел Греко, Рафаел, Рембрант, Гоја и не би било интересно да ги кажам сите детали. Уживање и исполнетост. Припаѓање кое одамна не ми се случило. Магично освоена.

Излегов зашеметено и длабоко дишев уметност и задоволство. Покрај Ботаничката градина и нагоре по една уличка се стигнувало до Ретиро паркот. Така ми кажаа. А еден таинствен господин кој претходно ми зборуваше за Мадрид ми кажа дека кога ќе си дозволам да залутам ќе се вљубам. Знаеше дека ќе ја најдам уличката на која има многу книги на тезгички. Саемски изглед. Добро, колку душа имаш бе Мадрид? За сите по малку? Еве, јас ти оставам од својата блажена насмевка додека избирам по некој наслов да понесам со себе.
Бавно нагоре дозволувајќи да ми се случи зачекорив во паркот полн живост. Секоја личност го нашла своето место. Од трчкање наоколу, точак, ролери, колички за деца, лежење во трева со книга, седење со друштво, пријатни прошетки, по некоја љубовна приказна пред моите очи па до високи потпетици и сликање наоколу. Се губиш низ зеленило и хармонија, те пречекува палата и пред да се освестиш таму е езерото. Може да земеш бротченце и да си повеслаш наоколу. Или да седнеш и да уживаш во tapas и sangria.
Таман го допив летното вино, ги оближав усните и се упатив накај сите видици кои Мадрид ги нуди. Ројални семејства оставиле белег низ палати, музеи, приказни и уникатност која не дозволиле да се преточи во безличност. Сол, Аточа, скриени улички, многу живост и насмевки. Град каде идеално ќе се увериш дека без разлика на непознавањето јазик луѓето може учтиво да ти се насмевнат и да се обидат да помогнат. Зајдисонце после 9. Ноќта осветлува, фонтаните си течат, луѓето се слеваат на различни страни. Понуда на џез подобра од фестивали на кои сум била. Дискотеки подобри од познати журки. Алтернатива на следниот агол. Барабан од можности од кој што и да ти се падне, ќе уживаш. И можам да пишувам уште многу. Но, шт би останало тогаш за вас? Откријте сами.
Само за спортските фанатици да спомнам дека иако сум страсвен анвивач на Арсенал посетата на стадионите беше ко музејско искуство низ историјата а сите играчи, тренери, навивачи и пoсетители кои се радувале и пателе таму оставиле нешто кое може да се почувствува додека чекориш по теренот.

* Дел кој не се препорачува за луѓе чувствителни на спомнување крв.
Врела крв, викаат многу. Звуци на фламенко, мирис на паеља и препорака да се доживее Корида. Плаза де Торос е местото каде шпанскиот дух наоѓа оправдување за својата страст кон борба со бикови. Расата се одгледува само со цел да излезе во рингот и да се соочи со матадорот. Очите им светкаат со страст каква што мене ми се случува кога го гледам мажот што го сакам. Таа паралела, без преувеличување. Крваво, незаборавно и језиво. Додека диво јава и го забодува копјето матадорот се поклонува а публиката дига бело знаме за честитки. Тоа за најдобриот. Искуство кое долго ќе ме ежи. И тогаш, во правта помешана со благ летен дождец слета врапче. Додека на неколку метри со последни сили бикот потврди дека е соборен и крвта му се слеваше, врапчето безгрижно си патуваше во свој свет. Така е и во животот. Симболика за паметење.

Ќе му се вратам на постов. Со повеќе детали и емоции. Денес е првиот ден ден дома. Креветот му љубoмори на градот што не му се посветувам. Добра ноќ.